
- 23-08-2021
- Совети
10 совети за подобар сон
Сите сме ги искусиле оние денови кога ни преовладува чувство на иритација кон нашата околина, прекумерен внес на храна, или пак чувство на истрошеност и ниска енергија. Веќе добро знаеме - немањето доволен сон ги предизвикува овие несакани исходи, но може да придонесе и кон посериозни последици како срцеви болести, зголемување на телесна тежина и ризик од развивање на депресија. Бидејќи сонот е навистина важен за сите, а особено за активните луѓе, во продолжение ви срочивме 10 совети за подобрување на сонот.
- Изложување на сонце секој ден во исто време
Совет број еден за подобар сон е да се изложувате на сонце секој ден во истото време. Не мора да биде веднаш по будење, но треба да е конзистентно во однос на тоа да е во истото време или барем приближно време. На пример, доколку се будите помеѓу 6 и 8 часот наутро бидете конзистентни со излегување на дневна светлина во 8:30.
- Доволен внес на храна
Доколку сте на диета и пробувате да намалите килажа, не бидете изненадени доколку спиете полошо. За да имате оптимален сон треба да бидете во калоричен баланс. Доколку имате проблем со сонот, а сте на диета многу долг временски период, можеби не знаете колку точно калории треба да венсувате – би ве советувале да се обидете многу бавно да ги накачувате калориите од недела во недела, се додека вашата килажа не почне да покажува нагорна тенденција.
- Доволен внес на јагленихидрати
Навистина постојат луѓе кои спијат подобро на кето диета. Кето диетите се ниски во јагленихидрати, меѓутоа стимулираат производство на ГАБА во мозокот што сама по себе е смирувачка. Исто така во овој случај вашите потреби за глукоза се многу намалени бидејќи користите кетони. Доколку не сте на кето диета, најверојатно ви требаат повеќе јагленихидрати отколку што мислите. Можеби ви требаат 200 грама. Само вашиот мозок користи 120 грама на ден. Доколку јадете околу 100 грама јагленихидрати тие не се доволно ниски за да влезете во кетоза, а не јадете ни доволно јагленихидрати за потребите на вашиот мозок.
- Внимавајте на нутриентите
За подобар сон не е важно само колку храна ќе внесете, туку и каква. Важно е да јадете доволно нутриенти. Премногу нутриенти влијаат врз квалитетот на сонот и кога било кој од нив е во дефицит вашето спиење ќе биде компромизирано. Ќе бидат објавени многу информации кои објаснуваат како да ги внесете сите нутриенти во иднина. Искористете ги 😁.
- Избегнувајте плаво светло навечер
Има многу начини на кои можете да го направите ова. Доколку имате проблеми со спиење препорачуваме да пробате да се изолирате од плаво светло два до четири часа пред спиење и да видите дали ви помага. Потребни се неколку недели за да се постави биоритамот и ова да има ефект. Може да се користите со апликации на вашиот телефон и компјутер за да се изгасат плавите светла, да користите специјални лампи итн.
- Промена на психолошките рутини
Следниот совет е да развиете рутина за психолошки да го стишите делот за решавање на проблеми во вашиот мозок. Мојот најголем проблем со спиење е мислење на сите обврски пред спиење, правење на листа на таскови во мојот мозок, мислење на сценарија како може да не испадне посакуваниот распоред итн. Постојат многу начини да го решите овој проблем и треба да го пронајдете вашиот. На пример, тоа може да биде креирање на листата на обврски пред да легнете на парче хартија. На многу други им помагаат видео игри, гледање телевизија, филмови, серии, читање книга, весници итн. Пронајдете го вашето нешто.
- Спиење во целосна темница.
Идеално сакате во вашата соба да го блокирате целосно надворешното светло. Можете да го направите тоа со завеси или со користење на маска за спиење.
- Спиење во доволно ладна просторија
Тоа значи да биде на поладната страна на вашата толерантност, но не доволно ладна за да ви го наруши сонот и да настинете!
- Тишина или white noise
За многу луѓе, спиењето во тишина може да биде страшно. Ако спаѓате во тие случаи, послужете се со моќта на white noise – едноставно најдете видео на Youtube и препуштете се целосно.
- Избегнување на плаво светло веднаш по будење
Последниот наш совет: кога ќе станете од спиење да се потрудите да не палите светло. Најдобро е целосно да го блокирате плавото светло во вашите очи кога станувате со амбиентални светла или со наочари за одбивање на плаво светло.
Најдоброто нешто што можете да го направите е сите овие чекори да ви бидат секојдневен ритам и да ги правите конзистентно за да го научите вашето тело да работи под одреден биоритам. Со среќа!