Јагленихидрати или кетони за подобар сон?

Во претходниот блог пост зборувавме за важноста на добар сон кај активните луѓе, а воедно и како да го подобрите. Во овој ќе навлеземе малку подлабоко и ќе одговориме на едно доста често поставувано прашање: Дали јагленихидратите или кетоните се подобри кога станува збор за сонот?

Јагленихидрати

Јагленитехидрати имаат три механизми преку кои го подобруваат сонот. Најпрво преку покачувањето на инсулин. Инсулинот ги трга сите амино киселини од крвта а го остава триптофанот. Триптофанот на овој начин стига многу полесно до мозокот бидејќи компетитивните амино киселини се ниски. Откако триптофанот стига во мозокот, тој може да биде конвертиран во серотонин и потоа мелатонин. Мелатонинот му кажува на вашето тело дека е реме да се спие навечер.

Втор начин е преку тоа што тие го инхибираат сигналот за будење во мозокот.

Трет начин е што тие се осигуруваат нашиот џигер да има доволно гликоген за да ослободува глукоза бавно низ целата вечер се до доручек. Доколку немаме доволно гликоген во џигерот, нашето тело ќе се обиде да ја направи глукозата од протеини со помош на кортисол и адреналин, а тоа го нарушува нашиот сон.

Кетони

Од друга страна знаеме дека кетозата е корисна за епилепсија. Во првата студија за епилепсија било забележано дека децата кои биле на кетоза спиеле многу подобро. Тоа е поради тоа што кетозата ги балансира глутаматот и ГАБАта во мозокот на начин на кој што ја покачува ГАБАта.

Глутаматот е примарниот стимулирачки неуротрансмитер, а ГАБА е примарниот инхибирачки неуротрансмитер. Со покачувањето на ГАБАта добивате смирувачки ефект, порелаксирани сте и кај некои луѓе се покажува дека го подобрува сонот.

Како да знаете што е подобро за вас?

Доколку спиете подобро за јагленихидрати тоа е единствениот доказ кој ви треба за да внесувате јагленихидрати пред спиење и обратно. Исто така доколку подобро се осеќате на едниот начин преку ден а подобро спиете на другиот начин навечер можеме да ги комбинираме.

На пример доколку подобро функционирате преку ден на кетоза меѓутоа навечер имате проблем со спиење, доколку суплементирате со триптофан на празен стомак ќе го добиете бенефитот од јагленитехидрати врз мелатонинот и притоа за спиење без да излезете од кетоза. 

Друг начин е доколку ве успиваат јагленитехидрати преку ден да ги поместите и да ги јадете пред спиење.

Доколку сте на диета со низок внес на јагленихидрати најверојатно треба или да ги намалите јагленитехидрати или да ги покачите доколку имате лош сон, бидејќи не сте доволно адаптирани на масти со што имате потреба од гликоген преку ноќта, но немате доволно во џигерот за да не се покачат стрес хормоните додека спиете. 

Доколку кетозата функционира за вас за спиење, но не работи за вас на ниеден друг начин  можете да погледнете во алтернативни начини да го алтерирате балансот на глутамат и ГАБА во мозокот.. а за тоа, се читаме наскоро!

© Кинетикс Фитнес 2021