
- 15-12-2021
- Совети
Разговор со Ивана Стаменковска: За атлетскиот пристап кон јогата и нејзината нова програма
Штотуку ја објавивме новата програма, Power Mix Yoga на Ивана Стаменковска на нашата платформа.Ивана е долгогодишна сертифицирана инструкторка по јога, препознатлива по својот уникатен пристап кон јога практиката. Следствено, нејзината програма е интересен спој на асани и движења кои ќе ви помогнат да го подобрите држењето на телото, балансот, но во голем степен и силата.
За да ја запознаеме подобро и поставивме неколку прашања.
1.Како навлезе во светот на јогата?
Не ми требаше многу за да навлезам само ми требаше да пробам хаха 😁
Конкретно вежбав една онлајн фитнес програма која вклучуваше ден каде се вежбаше јога. Не приметно се фатив себеси дека одвај го чекам тој ден па од таму започна се.
2.Поконкретно, кој тип на јога е најзастапен во твоите часови... Power, Yin, Ashtanga?
Најчесто предавам Power бидејќи го сакам атлетскиот пристап и креативноста што ја нуди. Повремено вметнувам и аштанга.
Yin обавезно на полна месечина хаха :D
3.Кои се главните придобивки од редовна јога практика? Има ли предизвици?
Придобивки има милион!
Нема да набројувам бидејќи може да отворите на интернет и да ги прочитате. Јас само ќе кажам дека контролата и функционалноста на телото значат многу во животот. Се поместуваат секакви граници и секогаш има нов предизвик.
4.Дали ја доживуваш јогата како спиритуална практика?
Не е важно како јас ја доживувам.
Јогата е се она што вие сакате таа да ви претставува.
Јога е се она што ве прави да се чувствувате среќни.
Не оставајте некој друг да ви кажува што е јога а што не е.
5.Што би им препорачала на оние кои сега сакаат да започнат со јога практика?
Им препорачувам само да дадат шанса! А јас ветувам дека ќе се заљубат.
📱Следи ја Ивана на Instagram: Ивана Стаменковска
🧘🏻 Разгледај ја нејзината програма: Power Mix Yoga