Врската помеѓу солта и покачениот крвен притисок

Зошто солта го покачува притисокот кај некои луѓе и што да правите доколку сте еден од нив?

Содиумот привлекува вода. Ова е причината зашто се користи сол за сушење на месо. Истото се случува кога внесуваме сол преку исхрана – солта ја суши нашата урина задржувајќи вода во нашата крв. Како што содиумот ја држи водата во нашата крв, волуменот на крвта се покачува и доколку не компензирате за тоа со ослободување од содиумот, ова ќе доведе до покачување на крвниот притисок.

Зошто ова не се случува кај секој?

За да се ослободите од содиумот се што ви треба е доволно калиум. Доколку немате доволно калиум нема да го толерирате истото ниво на содиум без пораст на притисокот. А, шансите да сте дефицитарни во калиум се навистина големи. Студиите покажуваат дека 98% од луѓето се. Нашите предци конзумирале околу 12г калиум на ден.

Храната со најмалку калиум е следната: масна храна, зрна, рафинирана храна. Целосните зрна имаат калиум, но немаат ни блиску до количината на калиум во овошје и зеленчук. Нашите предци немале развиена агрикултура и со тоа зрнестите продукти не биле голем дел од нашата диета, не сме ги рафинирале продуктите и сме јаделе многу повеќе зеленчук и овошје.

Најверојатно поради толку многу калиум сме имале потреба од содиум за да се ослободиме од вишокот калиум бидејќи врската помеѓу овие два електролити е двонасочна. Поради тоа нашето тело има развиено потреба за сол која ја диктира нашиот вкус. Порано сме имале секогаш доволно калиум а ретко доволно содиум за разлика од сега.

За разлика од тогаш, сега сме во обратната ситуација. Имаме доволно сол во нашата кујна и во најголем дел од храната која ја јадеме, но за контраст, ништо не го диктира нашето јадење на калиум. Бидејќи во минатото никогаш не сме биле дефицитарни во него, немаме развиено вкус кој ги диктира нашите потреби за него. Кај најголем дел од случаите само со додавањето на повеќе калиум преку исхрана се решава проблемот со крвен притисок.

Но тоа не секогаш успева. Не е балансот на електролитити единственото нешто кое влијае врз ова. Здрав крвен притисок е зависен и од вашата телесна композиција.

Се препознавам во ова... и сега што?

Физичка активност, избегнување на алкохол, регулирање на стрес и доволна консумација на други минерали како калциум и магнезиум кои исто така играат улога во крвен притисок е многу многу важно!

Постојат причини за висок крвен притисок кои немаат поврзаност со диетата и животниот стил и поради тоа најдобро е да се разговара со доктор доколку горенаведените промени не помагаат. Со тоа кажано, доколку вашиот крвен притисок директно колерира со внесот на содиум разгледајте ја вашата исхрана и можеби збогатете ја со калиум.

До следното читање!

© Кинетикс Фитнес 2021