360° Core

Цврсто јадро значи и подобра функционалност на целото тело

Опис

360° Core е конструирана токму затоа - со 4те тренинзи кои таргетираат различни мускули, целосно ќе го затегнеш и зацврстиш јадрото. Она што најдобро би ги опишало 20 минутните тренинзи е: минимум одмор, максимум интензитет! Ќе се потсетиш на класичните основни вежби како plank, crunches, v-ups, и flutter kicks, но ќе се соочиш и со потешки варијации и нови движења. Поради нивниот интензитет, овие кратки тренинзи да бидат тренинг програма сами по себе (секој тренинг во различен ден), или пак да ги користиш како додаток на веќе постоечки тренинг режим… Во секој случај, телото ќе ти биде благодарно, а тоа ќе ти го покаже преку поиздефинирано јадро и зголемена издржливост на целото тело.

Image 00:16:02

Plank party

Велат: За да го цениш времето, потроши 1 минута во plank. А што ќе се случи ако останеме таму цели 10 минути? Еве ја нашата покана! Предизвикај се преку различни варијации на пленкови и зголеми ја својата издржливост.

Image 00:17:02

Lower body torch

Те очекуваат интензивни 20 минути со фокус на долниот дел на стомачните. Leg raises, flutter kicks, hallow holds - сите овие вежби искомбинирани во едно за да почувствуваш вистинско горење!

Image 00:17:02

Side body burnout

Овој тренинг е посветен на страничните стомачни мускули одговорни за ротација на телото. Покрај класичните side planks, вклучивме и нови креативни движења кои чекаат да бидат откриени.

Image 00:16:02

Dynamic abs

Можеби и најзабавниот тренинг од сите. Добредојде на динамични 20 минути во кои ќе го активираш целото јадро.

© Кинетикс Фитнес 2021